Време без милост (филм од 1957)

Време без милост (англиски: Time without pitty) - британски филм од 1957 година, во режија на Џозеф Лоси (Joseph Losey), по сценариото на Бен Барзман (Ben Barzman). Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Редгрејв (Michael Redgrave), Ен Тод (Ann Todd) и Лео Мекерн (Leo McKern).[1]

Синопсис

уреди

Греам Дејвид (го игра Редгрејв) е писател и алкохоличар. Неговиот син Алек е осуден на смртна казна поради убиство на девојката. Дејвид има 24 часа за да го спаси синот. Тој бара од полицијата дополнително време за да пронајде докази во прилог на синот, но полицијата ја одбива неговата молба. Во тие мигови, со него постојано е трговецот со автомобили Роберт Стенфорд кој ја знае вистината за убиството, но не сака да ја открие. Греам се бори со времето кое немилосрдно тече и започнува сопствена истрага, откривајќи дека Роберт е замешан во убиството. Притоа, Роберт го убива Греам, а неговиот син ја повикува полицијата.[1]

Наводи

уреди