Враќање (филм од 1979)
„Враќање“ (српскохрватски: Povratak) — југословенски филм од 1979 година, во режија на Антун Врдољак, кој е автор и на сценариото, заедно со Уго Пир. Главните улоги ги играат: Борис Дворник, Фабијан Шоваговиќ и Раде Шербеџија. Филмот е заснован врз вистински настани кои се случиле во едно гратче во Далмација во 1942 година, а неговата премиера се одржала на 5 јули 1979 година.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се случува за време на Втората светска војна. Повеќето од жителите на едно гратче мирно си ја гледаат својата работа, но сè се менува кога полицијата апси група младинци, осомничени дека се симпатизери на движењето на отпорот, огорчените жители организираат опсада на полициската станица...