Враќањето на зборовите (роман)

Враќањето на зборовитероман на македонскиот писател Гоце Смилевски. За првпат романот бил објавен во 2015 година од издавачката куќа „Дијалог“.

Враќањето на зборовите

Содржина

уреди

Основата на романот ја сочинува приказната за Абелар и Елоиза, познатиот љубовен пар од 12 век, како и за нивниот син Астралаб. Притоа, романот започнува со тоа што во кратки црти е раскажана целата негова содржина. Потоа, авторот ја прикажува својата приказна за овој љубовен пар. На крајот, во автопоговорот на романот, самиот Смилевски раскажува зошто решил дејството да го фокусира врз Елоиза и Астралаб.[1]

За романот

уреди

И овој роман е напишан во препознатливиот стил на Смилевски - историската фикција, т.е. тој создал „археолошки“ роман во кој тој го истражува обработениот материјал, консултира извори и дава свое толкување на историскиот предмет. Притоа, Смилевски ја користи историската фикција како „јазична мастика“ и во романот ги наведува современите дебати и прашањата што нему му се важни. Според идеите, романот е антипатријархален, антиклерикален, профеминистички, антиавторитативен. Со овој роман и со применетите наративни техники, Смилевски ја задржал својата определба за историскиот роман и дал свој интелектуален печат на дилемите на современото општество.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Роберт Алаѓозовски, „За отсутното“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 99-101.