Во ритамот на срцето (2017)

„Во ритамот на срцето“ (англиски: In a Heartbeat, 2017 година) е американски анимиран краток филм во продукција на Ринглинговиот колеџ за уметност и дизајн. Режисерите Естебан Браво и Бет Дејвид се и сценаристи на филмот, кој беше финансиран преку платформата Кикстартер. На оваа донаторска платформа, тимот собра преку 14.000 американски долари од повеќе од 400 поддржувачи.[1] Краткиот филм ја раскажува приказната за прикриената хомосексуалност на едно момче кое има симпатии кон негов соученик и неговото срце сака да се заедно. „Во ритамот на срцето“ доби бројни позитивни критики во разни медиуми и беше на кратката листа за Оскар за најдобар анимиран краток филм.[2]

Наводи уреди

  1. „In A Heartbeat: LGBT Animated Short is a Love Story on Par with Pixar“. /Film (англиски). 2017-08-02. Посетено на 2020-05-16.
  2. Ajnrules (2017-12-04). „Best Animated Short: Best Animated Short 2017 - The Shortlist“. Best Animated Short. Посетено на 2020-05-16.