Војкова плоча
Војкова плоча (словенечки: Vojkova plošča) ― месно обележје во клисурата на Идријца во населеното место Идријски Лог, западна Словенија. Ова е плоча која го означува местото каде што на 15 февруари 1943 година бил смртно ранет партизанскиот борец Јанко Премрл (воено име Војко, 1920–1943). Починал една недела подоцна, на 22 февруари 1943 година, на Бриновиот рид (Brinov grič) во Идријски лог.[1][2][3]
Бронзената плоча била откриена на 16 мај 1955 година и е регистрирана како културно наследство.[4] Се состои од три табли кои се преклопуваат. Текстот на плочата на средишната табла гласи „Тука бил на 15. 2. 1943 година смртно ранет народниот херој Јанко Премрл Војко“ (словенечки: Tukaj je bil 15. 2. 1943 smrtno ranjen narodni heroj Janko Premrl Vojko), опкружено од петокрака ѕвезда одлево и барелефна биста на Премрл оддесно. Плочата се среќава како обележје во врска со геологијата[5][6] и планинарењето.[7][8] Пештерата кај Војковата плоча (Jama pri Vojkovi plošči) е именувана по оваа знаменитост.[9]
Наводи
уреди- ↑ Terpin, Rafael, & Marjan Bradeško. 2008. V enem dnevu po gričih okrog Idrije. Planinski vestnik. 113(3): 21–25, стр. 25.
- ↑ „Idrija Turižem: Črni Vrh“. Архивирано од изворникот на 2018-04-12. Посетено на 2023-11-24.
- ↑ „Description of hiking from Hudournik to Strug“ (словенечки). Архивирано од изворникот на 2023-03-06. Посетено на 2023-11-24.
- ↑ Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference number ešd 21169
- ↑ Mlakar, Ivan. 1969. Krovna zgradba idrijsko žirovskega ozemlja. Geologija: razprave in poročila. 12, стр. 18.
- ↑ Mlakar, Ivan. 2002. O nastanku hidrografske mreže in o nekaterih kraških pojavih na Idrijskem. Acta carsologica 31(2): 9–60, стр. 21.
- ↑ Matijevec, Vanja. 1977. Ena doma, ena na tujem. Planinski vestnik 11: 676–680, стр. 636.
- ↑ Razgibajmo se – 28.10.09 (на Slovene)
- ↑ Cave at Vojko’s Plaque on Geopedia (на Slovene)
45°58′3.47″N 14°00′57.85″E / 45.9676306° СГШ; 14.0160694° ИГД