Востание на Матија Губец
(Пренасочено од Востанието на Матија Губец)
Словенија и Хрватска долго време се наоѓале под власта на австриската држава. Тогаш селаните живееле во тешка положба, во беда и немаштија. Господарите од нив барале повеќе да работат, повеќе да произведуваат, за да можат тие што побогато да живеат без труд.
Селаните не можеле повеќе да трпат и во 1573 година кренале востание. Тоа зафатило краишта во Хрватска и Словенија. На чело на востанието застанал храбриот селанец Матија Губец.
Во почетокот востаниците имале успех. Тие храбро се бореле, но не можеле докрај да ги издржат немилосрдните напади на значително повооружениот непријател. Така востанието било задушено. Матија Губец бил убиен на ѕверски начин, а многу луѓе биле измачувани и убиени.
Поврзано
уреди- „Селанска буна“, роман на Аугуст Шеноа
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |