Воротан (река)
Воротан (ерменски: Որոտան, азерски: Bazarçay) е река во Закавказјето, лева притока на реката Аракс. Извира во северниот дел на јужно-ерменската провинција Сјуник, тече 119 км југоисточно низ Ерменија, а потоа 59 км низ Нагорно-Карабах, регион присвојуван од Ерменија и Азербејџан, пред да се влее во Аркас на границата со Иран. Реката најмногу тече низ планински предели и на неколку места низ длабоки кањони. Градовите Сисијан и Кубатли лежат на нејзиниот тек. За време на советскиот период, три резервоари со хидро-централи биле изградени по течението на реката.
Воротан | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Должина | 178 |
Особености на сливот |
При обид да се зголеми волуменот на вода во езерото Севан, 22 км тунел бил изграден за да се пренесува вода од Воротан во езерото. Изградбата почнала во текот на 1980-тите, но работата морала да биде прекината во 1988, на само 18 км изградени, поради вооружениот конфликт помеѓу Азербејџан и Ерменија за регионот Нагорно-Карабах. Ерменската влада конечно го заврши воротанскиот тунел во 2003, но сè уште не почнало да тече вода во езерото.