Вонон I
Вонон I (ΟΝΩΝΗΣ Onōnēs според неговите монети) владеел со Партијската империја од околу 8 до 12 година од н.е. Тој беше најстариот син на Фраат IV Партски (владеел околу 37–2 година п.н.е.) и беше испратен во Рим како заложник во 20-тите години п.н.е. како гаранција за договорот на неговиот татко склучен со Август.[1]
Доаѓање на властУреди
По убиството на Ород III околу 6 година по н.е., Партите побарале од Октавијан Август нов крал од Арсасидската династија.[2] Август го испратил Вонон I, но тој не успеал да го зачува престолот; тој бил образован како Римјанин и бил омразен од партијското благородништво како предавник.
ПадУреди
Друг член на Арсасидската династија, Артабан III (владеел околу 10–38 година), кој живеел меѓу даханските номади во источниот дел на Партија, беше поканет да го преземе престолот. Во граѓанска војна тој го порази и протера Вонон I.
МонетиУреди
Монетите на Вонон датираат од 8 до 12 година и го носат натписот "Кралот Вонон, освојувач на Артабан" по повод привремената победа над неговиот соперник. Монетите на Артабан II датираат од 10 година. Во 12 година Вонон побегна во Ерменија и станал нејзин крал.[3] Артабан II побара тој да биде отстранет од престолон но бидејќи Октавијан не сакал да започне војна со Партијвите тој го премести Вонон во Сирија, каде што тој бил задржан во притвор, иако во добри услови.[4] Подоцна, тој бил преместен во Киликија и кога тој се обидел да побегне околу 19-тата година бил убиен од страна на неговите чувари.[5]
БелешкиУреди
НаводиУреди
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Meyer, Eduard (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Енциклопедија Британика. 28 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 211.CS1-одржување: ref=harv (link)