Волшебни сказни на балканските народи
„Волшебни сказни на балканските народи“ — збирка со сказни по избор на Томе Саздов, а објавена од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“.
Содржина
уредиКнигата ги содржи следниве сказни:[1]
- Мара Пепелашка
- Човекот што му дал запис на ѓаволот
- Цане и ламјата
- Куцото петле
- Мртвиот Костадин
- Чумата и девојчето во едно село
- Поповата ќерка и арамиите
- Еден старец и една баба
- Господ, момчето и свети Михаил
- Детето и мечката
- Волшебните кутии
- Човекот што станал штрк
- Старецот и тројцата
- Подарокот на змијата
- Малата млекарка
- Вампирот и неговата жена
- Ромчето и змијата
- Златната змија
- Три прстени
- Невидливата капа
- Приказна за сирачето
- Царот и градинарот
- Птица-девојка
- Девојка побрза од коњ
Изданија
уреди- Во 2004 година, книгата била објавена од Редакцијата „Детска радост“ во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“. Таа има 96 страници, а на крајот од книгата се наоѓа поговорот „Народни сказни“ на Томе Саздов. Дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, автор на илустрациите е Диме Иванов-Димано, а лектурата и коректурата ги направила Оливера Ќорвезировска. Книгата е испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-613-3.[2]