Волшебен кварк
Волшебен кварк или c-кварк (симб. c, од анг. charm) — вид елементарна честичка, трета по масивност меѓу кварковите. Се среќаваат во хадроните, кои се субатомски честички сочинети од кваркови. Примери за хадрони со волшебни кваркови се J/ψ-мезонот (
J/ψ
), D-мезонот (
D
), оволшебениот сигма-барион (
Σ
c) и други оволшебени честички.
Состав | елементарна честичка |
---|---|
Статистика | фермионска |
Поколение | второ |
Заемодејства | силно, слабо, електромагнетизам, гравитација |
Симбол | c |
Античестичка | волшебен антикварк ( c ) |
Предвиденна | Шелдон Глешоу, Јоанис Илиопулос, Лучано Мајани (1970) |
Откриена | Burton Richter et al. (SLAC) (1974) Семјуел Тинг и др. (BNL) (1974) |
Маса | 1,29++0,05 −0,11 GeV/c2[1] |
Се распаѓа на | чуден кварк (~95%), долен кварк (~5%)[2][3] |
Ел. полнеж | +23 e |
Боен полнеж | да |
Спин | 12 |
Слаб изоспин | Л: +12, Д: 0 |
Слаб хиперполнеж | Л: +13, Д: +43 |
Заедно со чудниот кварк припаѓаат на второто поколение на материјата, има електричен полнеж од +23 e и гола маса од 1,29++0,05
−0,11 GeV/c2.[1] Како и сите кваркови, долниот кварк е елементарен фермион со спин од 12, и подлежи на сите четири основни заемодејства: гравитацијата, електромагнетизмот, слабото и силното заемодејство. Античестичка на волшебниот кварк е волшебниот актикварк, кој се разликува од него само по тоа што неговите својства имаат еднаква величина, но спротивен знак.
Постоењето на четврт кварк е предложено околу 1964 г. од неколку научници (на пр. Џејмс Бјоркен и Шелдон Глешоу[4]), but its prediction is usually credited to Шелдон Глешоу, Јоанис Илиопулос и Лучано Мајани во 1970 г.[5] Првата позната оволшебена честичка (честичка што содржи волшебен кварк) е J/ψ-мезонот, откриен Стенфордскиот линеарнозабрзувачки центар (SLAC) под водство на Бартон Рихтер,[6] и уште еден откриен во Брукхејвенската национална лабораторија (BNL) под водство на Семјуел Тинг.[7]
Откривањето на
J/ψ
(а со тоа, на волшебниот кварк) довело до силен пробив, кога се направени многу откритија во честичната физика. Ова се нарекува „Ноемвриска револуција“.
Хадрони со волшебни кваркови
уредиНекои хадрони што содржат волшебни кваркови се:
- D-мезон — содржи волшебен кварк (или неговата античестичка) и еден горен или долен кварк.
D
s-мезон — содржи еден волшебен и еден чуден кварк.- постојат многу состојби на чармониумот, како на пр.
J/ψ
-честичката. Овие се состојат од еден волшебен кварк и неговата античестичка. - оволшебени бариони have been observed, and are named in analogy with strange baryons (e.g.
Λ+
c).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 K. Nakamura (Particle Data Group); и др. (2011). „PDGLive Particle Summary 'Quarks (u, d, s, c, b, t, b′, t′, Free)'“ (PDF). Particle Data Group. Посетено на 2011-08-08.
- ↑
R. Nave. „Transformation of Quark Flavors by the Weak Interaction“. Посетено на 2010-12-06.
The c quark has about 5% probability of decaying into a d quark instead of an s quark.
- ↑ K. Nakamura et al. (Particle Data Group); и др. (2010). „Review of Particles Physics: The CKM Quark-Mixing Matrix“ (PDF). Journal of Physics G. 37 (75021): 150.
- ↑ B.J. Bjorken, S.L. Glashow; Glashow (1964). „Elementary particles and SU(4)“. Physics Letters. 11 (3): 255–257. Bibcode:1964PhL....11..255B. doi:10.1016/0031-9163(64)90433-0.
- ↑ S.L. Glashow, J. Iliopoulos, L. Maiani; Iliopoulos; Maiani (1970). „Weak Interactions with Lepton–Hadron Symmetry“. Physical Review D. 2 (7): 1285–1292. Bibcode:1970PhRvD...2.1285G. doi:10.1103/PhysRevD.2.1285.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ J.-E. Augustin; и др. (1974). „Discovery of a Narrow Resonance in e+e− Annihilation“. Physical Review Letters. 33 (23): 1406. Bibcode:1974PhRvL..33.1406A. doi:10.1103/PhysRevLett.33.1406.
- ↑ J.J. Aubert; и др. (1974). „Experimental Observation of a Heavy Particle J“. Physical Review Letters. 33 (23): 1404. Bibcode:1974PhRvL..33.1404A. doi:10.1103/PhysRevLett.33.1404.
Литература
уреди- A. Pickering (1984). Constructing Quarks. University of Chicago Press. стр. 114–125. ISBN 0-226-66799-5.
Надворешни врски
уреди- R. Nave. „Quarks“. HyperPhysics. Georgia State University, Department of Physics and Astronomy.