Волците на Вучјак
Волците на Вучјак (српски: Вукови с Вучјака) — паравоена единица која била активна во Хрватската војна за независност и Босанскохерцеговската војна. Била основана во Прњавор, Босна и Херцеговина.[1]
Волците на Вучјак Вукови с Вучјака | |
---|---|
Активна | 1991 – 1995 |
Вид | Паравојска |
Штаб | Прњавор |
Прекари | Волци |
Битки | Хрватска војна за независност Босанска војна |
Биле активни во борбите во Окучани, Јасеновац и Новска.[1] Во август 1991 година единицата го презела предавателот на Козара и го замениле РТВ Сараево со српска програма.[2] Нејзиниот водач Вељко Миланковиќ бил тешко ранет на 4 февруари 1993 година, а подоцна починал на Медицинската академија на 14 февруари.
Сведок сведочел пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија за време на судењето на српскиот водач Слободан Милошевиќ дека Волците биле обучени во Книн од Драган Васиљковиќ, познат како „Капетан Драган“.[3]
Во 2007 година било објавено дека командантот на паравоената војска, Вељко Миланковиќ, ќе има улица што ќе го носи неговото име во Нови Сад.[4] Невладини групи протестирале поради одлуката.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ubojica četničkog vojvode: Da nisam pobjegao, kožu bi mi oderali
- ↑ Podaci o predmetu Stakic (IT-97-24)
- ↑ Milosevic Transcript
- ↑ „Streets named after Vukovar commanders“. B92. 4 април 2007.
- ↑ „Ministarstvo protiv "Vukova s Vučjaka"“. Архивирано од изворникот на 2012-03-03. Посетено на 2024-01-14.
- ↑ „OSCE criticises naming of Novi Sad streets after wartime commanders“. Southeast European Times. 6 април 2007.
Надворешни врски
уреди- Са сведочења на суѓењу Радославу Брѓанину, изјава сведока, 11 ноември 2003.
- Fond za humanitarno pravo Архивирано на 7 декември 2007 г., го наведуваат како командант на единицата „Волците од Мањаче“
- Дневник онлајн[мртва врска], 30 март 2007 година
- Глас јавности Архивирано на 3 март 2012 г., Министарство против „Вукова на Вучјак“, 2 јуни 2007 година