Опел сигнум

(Пренасочено од Воксхал Сигнум)

Опел сигнум (германски: Opel Signum) — автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел, кој се произведувал во периодот од 2003 до 2008 година. Во Обединетото Кралство моделот бил преработуван и продаван како Воксхал Сигнум. Моделот во голема мерка се засновал на Опел Вектра и ја користел долгата верзија на меѓуоскиното растојание на платформата GM Epsilon, исто така користена и од Опел Вектра караван.

Опел сигнум
ПроизведувачОпел (Џенерал моторс)
Познат и какоВоксхал Сигнум
Производство2003–2008
СклопувањеГерманија: Риселсхајм
ПретходникОпел Омега
НаследникОпел Инсигнија
Класабизнис автомобил
D-сегмент
Вид каросерија5-врати хечбек
5-врати караван
ПлатформаПлатформа GM Epsilon
Меѓуоскино раст.2,830 mм (111 ин)
Должина4,636 mм (182.5 ин)
Ширина1,798 mм (70.8 ин)
Висина1,466 mм (57.7 ин)
Нетоварена тежина1,490–1,715 kg (3,285–3,781 lb)
СродниФиат Крома
Шевролет Малибу
Опел Вектра
Сатурн Аура

Автомобилот се засновал на необичен концепт на многу голем хечбек со скоро вертикална задна врата. Неговите димензии го сместуваат меѓу традиционалните големи семејни автомобили и бизнис автомобили.

Џенерал моторс спровел сличен концепт во Северна Америка на голем хечбек со сродниот Шевролет Малибу Макс во 2004 година, исто така користејќи ја платформата Epsilon.

Од март 2008 година, Воксхал Сигнум веќе не бил наведен на ценовникот на Опел, што подразбира дека производството завршило, а Опел Сигнум и Опел Вектра биле заменети во октомври 2008 година со Опел Инсигнија[1]. Кон крајот на 2005 година, Пјерлуиџи Колина учествувал во реклами низ цела Европа за „Сигнум“ и „Вектра“[2].

Наводи

уреди
  1. „United Press International: GM Woes Spell Trouble For Opel“. UPI.com. Посетено на 6 December 2008.
  2. „Referee Collina 'takes control' in Vauxhall TV and print campaign“. www.campaignlive.co.uk. 23 September 2005. Посетено на 9 November 2017.

Надворешни врски

уреди