Водолија (кована пара од 2018 година)
Водолија — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Водолија | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Хороскопски знаци |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 23,3 г |
Димензии | 37 х 37 мм |
Облик | квадратен |
Издадена | 2018 |
Цена | 2.800 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Водолија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина
уредиНа опачината, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Водолија на вметнато кобалтно стакленце, и симболот на хороскопскиот знак Водолија во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на девојка со стомна којашто ја претставува Водолијата, со цветен венец на главата, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – AQUARIUS, а на левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Јарец"“. Посетено на 8 јануари 2018.