Водолија (кована пара од 2015 година)

Водилијакована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 100 денари, а цената 2.800 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена во 2015 година.

Водолија
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 2.700 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и ознаката „Ag925“.[1]

Опачина

уреди

На опачината од парата е прикажан портрет на водолија како носи стомна со вода на рамото и соѕвездие коешто му одговара на хороскопскиот знак Водолија, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Водолија“ отпечатен на стомна и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.<ref name="НБРМ">

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Кована пара за колекционерски цели: „ВОДОЛИЈА". Посетено на 8 јануари 2018.