Свети Власиј

(Пренасочено од Власиј Севастиски)

Свети Власиј — христијански светец од IV век.

Свети Власиј
маченик
Починал(а) 316
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православна црква
Ерменска апостолска црква
Источни католички цркви
Слава 16 јануари (Ерменска апостолска црква)
3 февруари (Римокатоличка црква)
11 февруари (Православна црква)

Власиј е роден во Кападокија. Бил избран за епископ на градот севастија. Власиј бил големо духовно и морално светило во тој град. Во времето на гонењето на христијаните, св. Власиј ја храбрел својата паства, меѓу кои oсобено истакнат бил славниот Евстратиј.

Според христијанското верување кога градот севастија oстанал сосема без христијани - едни изгинале, други избегале - тогаш старецот Власиј се повлекол во планината Аргеос и таму се населил во една пештера. Дивите ѕверови, познавајќи го светиот човек, се прибрале околу него и тој нежно ги милувал. Но гонителите го нашле светителот во тоа скриено место и го одвеле на суд. По патот св. Власиј исцелил едно момче на коe му застанала коска во грлото; и на жалбата на некоја бедна вдовица дека волк зел едно прасе, направил со силата на својата ѝ молитва волкот да ѝ го врати прасето на вдовицата. Пострадал и се прославил во 316 година[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 11 февруари.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 59