Влажноносни примати
Strepsirrhini Влажноносни[1] Период: Ран Еоцен - денес | |
---|---|
Propithecus coquereli | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Primates |
Подред: | Strepsirrhini E. Geoffroy, 1812 |
Семејства | |
Cheirogaleidae |
Гранката на Strepsirrhini е една од двата подреда на примати. Една од најзабележителните особини на 118-те вида од овој подред се нивните влажни носеви по кои оваа група го добила своето име. Грчкото (научно) име означува поседување на извиткан или совиен нос (strepho − совиено, rhis − нос). Единствените примати на Мадагаскар (освен луѓето) припаѓаат во оваа група, иако други можат да се најдат во југоисточна Азија и Африка.
Се смета дека влажноносните имаат попримитивни особини и адаптации отколку нивните хаплорински ("сувоносни", на грчки: со едноставни носеви) роднини. Нивниот влажен нос е поврзан со горната усна, која е поврзана со непцето, што го ограничува фацијалниот израз. Кај нив, односот мозок наспроти тело е помал, што укажува на помала интелигнција. Мирисните лобуси на мозокот се поголеми, што дава до знаење дека тие повеќе зависат од сетилото за мирис. Нивните нушки се најчесто издолжени, давајќи им кучевиден изглед, иако оваа одлика е застапена и кај некои мајмуни. Влажноносните поседуваат и посторбитална плочка, што уште еднаш ја потврдува попримитивната природа на овие примати. Тие исто така ја задржале способноста за ензимско производство на витаминот С, која е изгубена кај сувоносните, вклучувајќи ги и Tarsiidae.[2]
Со исклучок на аје-аје приматите, сите влажноносни имаат забен чешел — тесно собрани секачи и песјаци — кои се користат за чистење и чешлање на крзното. Друга ваква козметичка адаптација е тоалетната канџа на вториот прст од стапалото, додека големиот прст е доста одделен од останатите.
Околу 75% од видовите се ноќни и сите поседуваат тапетум, кој претставува сјаен, рефлектирачки слој во заднината од своите очи, но неколку диурнални видови (како прстеноопашестиот лемур) исто така го поседуваат. Многу од ноќните видови исто така имаат многу чувствителен слух и уши кои можат да ги придвижуваат независно, со цел подобро фаќање на звуците.
Размножувањето на влажноносните примати се разликува во голема мерка од она кај сувоносните. Наместо поединечен циклус, влажноносните имаат сезона на парење. Исто така, даваат малкубројно потомство, а женките имаат Y-видна (бикорнатна) матка и повеќе реда со млечни жлезди.
Наводи
уреди- ↑ Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 111–127. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ Pollock JI, Mullin RJ (1987). „Vitamin C biosynthesis in prosimians: evidence for the anthropoid affinity of Tarsius“. Am J Phys Anthropol. 73 (1): 65–70. doi:10.1002/ajpa.1330730106. PMID 3113259.