Високоземјина орбита

Високоземјина орбитагеоцентрична орбита на висина над геосинхроната орбита (35.786 км).[1] Орбиталните периоди на овие орбити се поголеми од 24 часа, па затоа сателитите во нив имаат привидно повратно движење — дури и ако се во напредна орбита (0° ≤ наклон < 90°), нивната орбитална брзина е помала од вртежната брзина на Земјата, поради што земската траекторија им се поместува на запад на Земјината површина.[2]

Нискоземската, средноземската и високоземската орбита.

Примери за сателити во високоземска орбита

уреди
Име NSSDC Пуштен Перигеј Апогеј Период Наклон
Вела 1A[3][4] 1963-039A 17 октомври 1963 101.925 км 116.528 км 108 ч 39 мин 37,8°
IBEX 2008-051A 19 октомври 2008 61.941 км 290.906 км 216 ч 3 мин 16,9°
TESS[5][6] 2018-038A 18 април 2018 108.000 км 375.000 км 328 ч 48 мин 37,00°

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Definitions of geocentric orbits from the Goddard Space Flight Center“. User support guide: platforms. NASA Goddard Space Flight Center. Архивирано од изворникот на 27 мај 2010. Посетено на 8 јули 2012.
  2. „Types of orbits“. www.esa.int (англиски). Посетено на 20 август 2021.
  3. „Vela“. Astronautix.com. Посетено на 12 ноември 2022.
  4. „Trajectory Details for Vela 1A from the National Space Science Data Center“. Посетено на 12 ноември 2022.
  5. „MIT TESS mission“. Посетено на 12 ноември 2022.
  6. „NASA - TESS Science Support Center“.