Виктор Б. Шеќероски

Виктор Б. Шеќероски — македонски поет. Роден е на 24 септември 1942 година во Радожда, Струшко. Се школувал во Јабука и Белград. Завршил Факултет за организациони науки во Белград. Член на ДПМ од 1998 година. Долги години бил директор на издавачките куќи „Графос“ и „Југограф“ од Белград. Директор е на „Македонскиот информативен – издавачки центар” во Србија.

Шеќеровски пишува на македонски и на српски јазик. Автор е многубројни книги поезија, литературна критика и есеи, а превел и многу книги од македонски на српски јазик и обратно. Член е на Здружението на писателите на Србија и Друштвото на писателите на Македонија. Живее и работи во Белград. Добитник е и на голем број награди и признанија – Иселеничка грамота 2008 година на Матицата на иселениците на Република Македонија и на многубројни награди во Србија, Македонија, Бугарија и др. Во 2018 година ја добил наградата „Книжевна далга“.[1] Негова сопруга е поетесата Душица Илин.

Книжевно творештво

уреди
  • Време на гласните студенила (поезија, 1972)
  • Ковчег за самотија (поезија, 1976)
  • Промена на просторот (поезија, 1980)
  • Лице на земјата (антологија на поезијата на Турците поети од Југославија, 1982)
  • Критичарите за поезијата на Десанка Максимовиќ (заедно со М. Блечиќ, 1982)
  • По животот по срмтта (поезија, 1988)
  • Белград меѓу песните и сонцето (антологија, 1987)
  • Време зад ѕидот (поезија, 1990).

Наводи

уреди
  1. http://spektra.com.mk/mobile/lokalni/viktor-shecerovski-godinashen-laureat-na-strushki-knizevni-sredbi[мртва врска] Виктор Шеќеровски годинашен лауреат на „Струшки книжевни средби“