Википедија:Фотоловови 2023/Предлози/Природни знаменитости во Пехчевско
Барателот ќе треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука во врска со предлогот. Барањето ќе биде одобрено во оној момент кога истото ќе добие три гласа „За“ или најмалку две третини од вкупниот број на гласови во случај веќе да има три гласа „Против“ или „Воздржан“.
Ве молиме, напишете ги бараните информации за предлогот под соодветните поднаслови подолу.
Основни информации
уредиМесто
уредиПосета на Пехчево и Пехчевско: Езерцето во градот, двата Спиковски Водопади, Црнодолски Водопад, водопад Дебел Рид, туристичка населба Равна Река, врв Ченгино Кале на Малешевска Планина, флора во овие делови.
Траење
уредиПоаѓање од Скопје на 17 јуни 2023. Би тргнале во сабота, 08:00 часот, со посета на езерцето, водопадите и кампување во Равна Река. Во недела планинарење до Ченгино Кале. Приквечер враќање во Скопје на 18 јуни.
Учесници
уреди- GoVisitHikeBike/Фитим Хоџа плус други лица.
Ќе патуваме со приватни возила. Учесници околу 15, но за фотолов двајца со опрема дрон DJI mini 2, со 4K резолуција. Smartphone Samsung A72, iPhone 13.
Проценети трошоци
уредиВкупно: 3.400 ден. Гориво: 1.600 ден, патарини: 300 ден, јадење и освежување: 1.500 ден.
Дискусија на заедницата
уреди- Здраво, јас само би му посочил на корисникот да ги опфати сите девет водопади од групата Пехчевски Водопади. --Ehrlich91 (разговор) 22:21, 31 мај 2023 (CEST)
- Здраво, на горе спомнатите 4 водопади за посета, го додавам и петтиот Скокото, кој ќе го посетам. Во статијата се вели дека има девет, но опишани се само 6. Како и да е, на 5-те, ќе се обидам да ги најдам и двата на Љутачка река, и ако добијам инфо и за другите. GoVisitHikeBike (разговор) 21:18, 1 јуни 2023 (CEST)
Гласање
уреди- --Ehrlich91 (разговор) 22:21, 31 мај 2023 (CEST)
- --Инокентиј (разговор) 20:32, 5 јуни 2023 (CEST)
- --Dandarmkd (разговор) 23:16, 8 јуни 2023 (CEST)
Заклучок
уредиОдобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува. Dandarmkd (разговор) 20:23, 10 јуни 2023 (CEST)
- Ви благодарам на довербата!
- Се надевам ќе имаме добри временски услови на 17-18 јуни во Пехчевско.
- Поздрав GoVisitHikeBike (разговор) 23:19, 10 јуни 2023 (CEST)
- Почитувани,
- Временската прогноза за Пехчевско за претстојниот викенд (17-18 јуни) предвидува време со дождови и тоа не е прикладно за фотографирање. Се надевам дека може да го одложам фотографирањето за следни денови, сончеви. Ќе се обидам да отидам во текот на работната недела ако се ослободам од професионални обврски. Ако не, тогаш ќе отидам во текот на наредниот викенд, 24-25 јуни.
- Ви благодрам на разбирањето! GoVisitHikeBike (разговор) 19:18, 15 јуни 2023 (CEST)
- Здраво,
- Ги прикачив на We transfer 350 слики направени на 6 водопади, езерцето и делови од тој крај околу Пехчево.
- Сакав да го прикачам тука линкот но не ми дозволи we.tl да го ставам линкот. Ако треба, може по мејл да го испратам.
- Поздрав GoVisitHikeBike (разговор) 21:45, 26 јуни 2023 (CEST)
- Напомена
Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunt in Pehčevo Region за да ги заведе сликите на правилно место. Задолжително е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.
- Почитувани Ehrlich91, Инокентиј и Dandarmkd, 122 фотографии се закачени на Ризницата во категоријата Photohunt in Pehčevo Region. Опфатени се двата Спиковски Водопади, реката Спиковски Андак, реката Црнодол и Црнодолскиот Водопад, Љутачка Река и водопадите Дебел Рид, Скокото и малиот Водопад на Љутачка Река, како и Рекреативниот центар Езерце во Пехчево.
Поздрав, GoVisitHikeBike (разговор) 12:17, 29 јуни 2023 (CEST)