Википедија:Уредувачки натпревари 2015

Кратенки:
ВП:УН

Во 2015 година се организирани четири уредувачки натпревари.

Прв натпревар

уреди

Нобелови награди

уреди
 
Уредувачкиот натпревар на тема „Нобелови награди“ е одржан од 1-31 март 2015 година. Секој учесник имал слобода сам да го избере насловот на статиите што ќе ги уредува, при што со натпреварот биле опфатени:

  • основните списоци и статии за Нобеловите награди;
  • обработка на поединечните статии за Нобеловите награди по области; и
  • добитниците на Нобелова награда од било која област.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на тричлената жири-комисија биле наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока во продавницата Пикс Плус, и тоа:

  • вредносен ваучер во вредност од 400 евра во денарска противвредност за освоено прво место;
  • вредносен ваучер во вредност од 200 евра во денарска противвредност за освоено второ место; и
  • вредносен ваучер во вредност од 100 евра во денарска противвредност за освоено трето место.

Втор натпревар

уреди

СИЕ Пролет 2015

уреди
 
Уредувачкиот натпревар на тема „СИЕ Пролет 2016“ се одржал од 21 март до 31 мај 2015 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки или нови статии на теми поврзани со земјите во Средна и Источна Европа.

Статиите уредувани за време на натпреварот не биле оценувани, а учесниците биле поканети на викикампот на СИЕ кој се одржал од 31 јули до 2 август 2015 година во Македонија.

Трет натпревар

уреди

Византија

уреди
 
Уредувачкиот натпревар на тема „Византија“ е одржан од 16 јули до 15 август 2015 година. Секој учесник имал слобода сам да го избере насловот на статиите што ќе ги уредува, при што со натпреварот биле опфатени:

  • основните списоци и статии за Византија;
  • обработка на поединечните статии за Византија по области;
  • владетелите на Византија; и
  • објекти од византиско време.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на тричлената жири-комисија биле наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока во продавницата Пикс Плус, и тоа:

  • вредносен ваучер во вредност од 400 евра во денарска противвредност за освоено прво место;
  • вредносен ваучер во вредност од 200 евра во денарска противвредност за освоено второ место; и
  • вредносен ваучер во вредност од 100 евра во денарска противвредност за освоено трето место.

Четврти натпревар

уреди

Олимписки игри

уреди
 
Уредувачкиот натпревар на тема „Олимписки игри“ е одржан од 1-30 ноември 2015 година. Секој учесник имал слобода сам да го избере насловот на статиите што ќе ги уредува, при што со натпреварот биле опфатени:

  • основните списоци и статии за Олиписките игри;
  • статии за поединечни олимпијади (подобрувања);
  • статии за спортовите на Олимписките игри начелно (на пр. „Пливање на Летните олимписки иигри“ итн.);
  • статии за спортови на секоја олимпијада одделно;
  • статии за Олимписките игри по земји; и
  • олимпијци кои освоиле медал.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на едночлената жири-комисија биле наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока во продавницата Пикс Плус, и тоа:

Поврзано

уреди