Уредувачки натпревар на тема „Византија“

 

од 16 јули до 15 август 2015 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Византија“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Византија“.

Натпреварот започнал на 16 јули 2015 година во 00:00 часот и завршил на 15 август 2015 година во 23:59 часот по средноевропско време.

Учесниците имале слобода во рамките на зададената тема при одбирање на темата на статијата за која ќе пишуваат. Во натпреварот влегоа:

  • основните списоци и статии за Византија;
  • обработка на поединечните статии за Византија по области;
  • владетелите на Византија; и
  • објекти од византиско време.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со политиките и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите биле прегледани од страна на жири, кое било составено од тројца википедијанци кои немале право да учествуваат на натпреварот. Жирито ја донело конечната одлука за нагадените.

Членовите на жирито ги прегледале сите статии и секоја ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од Нобелови награди). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имале прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито оценувало колкав е новиот дел и бодови бидат доделени само за тој дел.

Победникот на натпреварот бил учесникот со најмногу доделени бодови од страна на жирито.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Додај го своето име доколку сакаш да учествуваш, користејќи четири тилди (~).

  1. --MarioPuovik6 (разговор) 18:58, 15 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]
  2. --Инокентиј (разговор) 02:39, 16 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]
  3. --Тиверополник (разговор) 23:26, 16 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]
  4. --Ehrlich91 (разговор) 13:44, 17 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]
  5. --Dandarmkd (разговор) 01:29, 18 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]
  6. --SirGoldenBlade (разговор) 19:28, 28 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]
  7. Vikinata (разговор) 19:58, 30 јули 2015 (CEST)Одговори[одговори]

Предлози за статии уреди

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski
  2. Виолетова
  3. Raso mk
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку порака на корисникот Ehrlich91.

Награди уреди

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 400 евра во денарска противвредност.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 200 евра во денарска противвредност.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 100 евра во денарска противвредност.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.503
2 Инокентиј 1.254
3 Dandarmkd 540
4 MarioPuovik6 333
5 Ehrlich91 81
6 Vikinata 24
7 SirGoldenBlade 3