Википедија:Мртви врски

(Пренасочено од Википедија:Мртва врска)
Најважното од страницава: Чекори што може да се преземат за намалување или поправка на мртви надворешни врски.

Како и највеќето големи мрежни места, Википедија страда од појавата наречена изумирање на врски (анг. link rot, букв. „скапување на врски“) каде надворешните врски стануваат мртви поради исчезнување на дадената страница или цело мрежно место, измена на содржинатa, или преместување без HTML-пренасочување. Ова претставува значајна закана по меродавноста на Википедија и нејзиното начело за наведување на извори.

Како општо правило, не бришете ја наведената информација само бидејќи врската повеќе не работи. Имаме на располагање алатки, процедури и постапки опишани во овој документ.

Спречување на мртви врски

уреди

Автоматско архивирање

уреди

Врските што ги ставаат уредниците автоматски се архивираат од Wayback Machine во рок од 24 часа (во практика не секоја врска се архивира од разни причини). Ова се врши со програмата наречена „NoMore404“ со која раководи Семрежниот архив. Врши надзор над EventStreams API, извлекува нови надворешки URL-а и додава снимка во Wayback. Овој систем работи од 2015 г. наваму, иако имаше и претходни потфати. Неаде по 2012 г. archive.today (archive.is) се обиде да ги архјивира сите тогашни надворешни врски на Википедија. Оваа задача не беше целосно исполнета, но во овој период беа ставени значаен број на врски на archive.today, што го прави важен архивски ресурс кој ги пополнува празнините во покриеноста. Archive.today сè уште врши некои автоматски архивирања, иако обемот и честотата не се познати.

Википедија има бот и алатка наречена Бот за семрежно архивирање (InternetArchiveBot) која ја автоматизира поправката на мртви врски. Тој аботи постојано и ги проверува сите статии на Википедија; кога ќе наиде на мртва врска, ја става во Wayback Machine (ако не евеќе ставена), и ги заменува мртвите врски со викитекст од архивираната верзија. Овој бот работи автоматски, но може и да се управува од корисници преку неговиот кориснички посредник. Истиот е достапен во историјата на страницата, во „Поправи мртви врски“ близу врвот на страницата.

Почнувајќи од 2015 г. периодичниот бот Wayback Medic 2.5 ги проверува мртвите врски во самите архивирани врски. Архивските бази на податоци се динамични: архивите се преместуваат или исчезнуваат, се додаваат нови итн.. Овој бот ги одржува постоечките архивски врски. Исто така архивира ресурси по барање. Оваа флексибилна алатка може да врши многу прилагодени задачи како преместување на URL, запоседнати домени, откривање на меки 404 и поправка.

Рачно архивирање

уреди

Еве предлози за рачно подобрување на архивирањето:

  • Одбегнувајте голи URL-а. Користете предлошки како {{наведена мрежна страница}} за наводи и {{семарх}} за надворешни врски.
  • Користете служба за семрежно архивирање како Семрежниот архив (Internet Archive) или Archive.today. Целосен список ќе најдете на оваа страница. Во предлошките за наведување, ставете ја архиврската URL во |archive-url= и додајте |archive-date=. Ако врската сè уште работи, задајте |url-status=live, а во спротивно задајте |url-status=dead.
  • За да ставите повеќе од една архиврска URL како осигрување од нефукнционалност на некоја од службите, {{семарх}} прифаќа до 10 URL-а за архивски услужници. Можнооста |format=addlarchives дава извод прикладен за предлошка за краен CS1|2. на пр. {{нмс|archive-url=..}}{{webarchive|format=addlarchive|url1=..|url2=..|url3..}} ќе покаже 4 архивски URL-а (една од наведената мрежна страница и три од webarchive).
  • Ако врската работи, но сè уште не е архивирана, посетете го мрежното место на саканата архивска служба и побарајте таа да се архивира.
  • Пуштете го Ботот за семрежно архивирање на страници преку неговиот посредник.

Алтернативни начини

уреди

Највеќето предлошки за наведување имаат параметар |quote= во кој може да се цитира текст од изворниот материјал. Така складира ограничена количина текст од изворот во рамките на навдната предлошка. Ова е особено корисно за извори кои не може да се архивираат со архивските служби. Воедно има улога на осигурувач во случај на неработење на архивската служба. Внесување на целиот текст од изворот не е допуштено согласно правилата за праведна употреба, па затоа изберете ги само најважните делови од текстот кои највеќе одат во прилог на тврдењата во статијата. Кога е применливо, материјалите во јавна сопственост можат да се прекопираат на Викиизвор.

Поправка на мртва врска

уреди

Постојат неколку начини да се поправи мртва врска, и тоа:

Пребарување

уреди

Ако мртвата врска во себе содржи доволно информации (наслов на страницата, имиња итн.), честопати ова е доволно за да се пронајде таа страница на друго место, било на истото мрежно место или другаде.

Неретко страниците се преселуваат во рамките на истото мрежно место. Тогаш погледајте го индексот на мрежното место или послужете се со тамошната лента за пребарување. Ако тие се недостапни, тогаш пребарајте по мрежното место преку прелистувачот (на пример, во Google, по саканите зборови ставете празно место, па site: без претставки како wwww).

Ако ниедно од овие не успее, пребарајте алтернативи по семрежјето.

Ако најдете нова соодветна URL, изменете ги параметрите. Кај почестите предлошки (на пр. {{наведена мрежна страница}}, {{наведени вести}}, {{Наведување}}, направете ги овие измени:

  • Сменете го |url= да води до новата URL;
  • Сменете го или додадјте |access-date= да се однесува на тековниот датум.

Семрежни архиви

уреди

Проверете дали има архивирана верзија на некоја од многуте архивски служби. Најголеми три се web.archive.org, webcitation.org и archive.today. Овие ги содржат преку 90 % од сите архиви на Википедија, при што само web.archive.org има повеќе од 80 % од сите архивски врски. Други служби ќе најдете на списокот на семрежни архиви.

Бележничиња за проверка на тековната страница во позастапени архивски служби
(сите се отвораат во ново јазиче или прозорец)
Архивар Бележниче
Archive.org
javascript:void(window.open('https://web.archive.org/web/*/'+location.href))
UKGWA
javascript:void(window.open('https://webarchive.nationalarchives.gov.uk/ukgwa/*/'+location.href))

Ако се на располагање повеќе датуми на архивирање, употребете го најблискиот на |access-date=, бидејќи тој би бил најсличен (или ист) со содржината што ја навел уредникот. Ако тој параметар не е укажан, можете да пребарате по историјата на преработки на статијата за да видите кога е ставена врската.

Погледајте ја архивата за да се уверите дека страницата ги содржи саканите информации. Најуспешни се датумите поблиски до времето кога е ставена врската.

Ако најдете соодветна архиврска URL, тогаш ставете ја во наводот. Ако наводот е во некоја од честите предлошки (на пр. {{наведена мрежна станица}}, {{наведени вести}}, {{Наведување}}), тогаш направете го следново уредување:

  • Оставете го |url= непроменето, да покажуа кон изворната URL.
  • Ставете |archive-url=, да покажува кон архивската URL.
  • Ставете |archive-date=, што кажува кога архивскиот примерок е зачуван.
  • Ставете или сменете го |url-status=. Користете |url-status=dead ако старата URL не работи. Користете |url-status=unfit или |url-status=usurped ако старата URL е запоседната со спам, реклами или друга неприкладна содржина. Користете |url-status=live ако |url= сè уште работи и сè уште ги има исправните информации, но сакате превентивно да ставите |archive-url=.
  • Оставете го |access-date= непроменето; ова го покажува датумот на кој претходниот уредник го посетил |url=. Некои уредници сметаат дека |access-date= треба да се отстрани штом се стави важечка |archive-url= бидејќи |url= повеќе не е достапна, па затоа одржувањето на |access-date= е излишно.

Алтернативи на мртвата врска

уреди

Понекога сите обиди за поправка на врската завршуваат со неуспех. Во таков случај, обидете се да најдете алтернативен извор на информацијата, така што загубата на првобитната врска не би ѝ наштетила на проверливоста на статијата. Алтернативните извори на пошироки теми лесно се наоѓаат во пребарувач, но бидете крајно претпазливи да не наведувате огледала и разграноци на самата Википедија, што го нарушува правилото за проверливост.

Понекогаш не е воможно да се најде соодветен извор, или неговото наоѓање би подразбирало обемно истражување по библиотеки или употреба на наплатни бази на содржини. Во таков случај посоветувајте се со уреднициете на Википедија:Селска чешма или Википедија:Биро за помош. Исто така, можеби треба да се обратите кај стручњаци или други заинтересирани уредници на релевантниот википроект.

Напаи врската е мртва бидејќи мрежното место ја сменило URL-адресата (на пр. од http://primer.com moved на http://primer.mk). Ако откриете ваква промена, поднесете барање за премесување на URL, и ботот ќе ја направи.

Чување на мртви врски

уреди

Мрвата неархивирана изворна URL може сепак да биде корисна. Таквата врска покажува дека информацијата (веројатно) бил апроверлива во минатото, а врската му дава можност на некој друг корисник со повеќе вештина или запознаеност да го најде наводот. Врската исто така може да се врати од мртвите. Можно е да се утврди дали била наведувана на други места, или да се контактира лицето одговорно за тој извор. На пример, можеме да се обратиме кај Факултетот за информатика при Јејл ако http://www.cs.yale.edu/~EliYale/Defense-in-Depth-PhD-thesis.pdf[мртва врска] е мртва.

Ставете {{мртва врска|date=декември 2024}} по мртвиот навод, веднаш пред ознаката </ref> ако е применливо, оставајќи ја изворната врска недопрена. Означувањето на мртви врски им кажува на уредниците и ботовите дека оваа врска треба да се замени со архивска врска. Ставањето на {{мртва врска}} исто така ја става статијата во категоријата Статии со мртви надворешни врски, и тоа споерд даден месец со параметарот |date=. Не бришете навод само заради тоа што веќе долго е означен со {{мртва врска}}.

Мртви врски на невикимедиски мрежни места

уреди

Невикимедиските мрежни места исто така се подложни на изумирање на врските. Кога некоја страница ќе се премести или избрише, врските кон страници на Википедија од други мрежни места исто така се расипуваат. Во највеќето случаи на старата страница ќе остане пренасочување и нема да има проблем. Но доколку страницата е целосно избришана или запоседната (т.е. заменета со друга содржина), тогаш на тие надворешни страници врските ќе бидат расипани.

Заменувањето на содржината на една страница со појаснителна страница исто така значи расипување на врската, но ова не е толку страшно бидејќи појаснувањето е еден вид на меко пренасочување кое ќе го одведе читателот до саканата содржина. Ако страницата е запоседната со содржина на друга тема која го носи истиот наслов, може да се стави заглавна белешка (на пр. {{Напомена}}) која би го насочила читателот кон првобитната содржина сместена на новата страница; ова исто така е меко пренасочување, но помалку очигледно. Во овие случаи, читателите кои доаѓаат од расипаната надворешна врска треба да можат да го најдат она што го бараат, но најдобро е оваа ситуација да се избегнува бидејќи читателот треба да прејде преку дополнителна страница, што потенцијално дава лош впечаток за Википедија и мрежното место што му ја дало врската.

Бидејќи програмската опрема на Википедија не складира информации за упатувач (Referer), невозможно е да се одреди колку надворешни мрежни места ќе бидат засегнати од преместувањето или бришењето, иако ризикот е најголем на постари страници и страници од повисок профил. Тука нема многу што да се направи; одржувањето на мрежните места не е во рацете на викимедијанците. Сепак, добра практика е да се има на ум потенцијалното влијание на други места кога се бришат или преместуваат википедиски страници, особено ако нема да има пренасочување или заглавна белешка. Ако се очекува дека постапката ќе предизвика значајна штета, тогаш одлуката треба да се продискутора со заедницата или аадминистраторите, иако други чинители може да бидат поважни.

Поврзано

уреди

Алатки и упатства

уреди

Ботови

уреди

Надворешни врски

уреди