Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.

Генетика — гранка на биологијата која се занимава со проучување на гените, наследноста и варијацијата кај живите организми.

Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст на клетка или организам (на пример, доминантност и епигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската дистрибуција, варијација и промена во популациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, од вируси до бактерии, преку растенијата и домашните животни, до човекот (како што е во медицинската генетика).

Фактот што живите суштества наследуваат белези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат на селективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата на Грегор Мендел во средината на XIX век. Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени. (Дознајте повеќе...)