Википедија:Избрана статија/2022/17
Земја — една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите џинови. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот.
Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на периодте на полураспад на ураниумот и ториумот. Времето на U238 изнсува 4,51 x 109, а Th232 е 1,39 x 1010 години.
Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од непожелно зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до површината.
Почнувајќи од 1970 г. на 22 април секоја година се празнува Денот на планетата Земја. (Дознајте повеќе...)