Википедија:Избрана статија/2015/50
Геополитика — наука од редот на општествените научни дисциплини која се занимава со проучување на општествените, економските, демографските и политичките процеси на државите како единки зависни и распоредени во единствениот географски простор. Главна дефиниција на геополитиката, која доминирала подолго време е дека таа претставува концепција која ја објаснува политиката на државата преку природногеографските услови, географската положба и расните разлики на населението. Како најглавни чинители во рамки на проучувањата и спроведувањето геополитички анализи се земаат политичките процеси, одлуки и системи, економските остварувања и можности и воено-безбедносните способности и сила на државите врз основа на нивната географска положба, односно географскиот простор на кој се наоѓа нивната државна територија и нивната позиција во светот во однос на важните геостратешки точки или положбата во однос на другите држави. (Дознајте повеќе...)