Википедија:Избрана статија/2013/50
Ѕид — вертикална градба што за затвора и ги носи останатите нејзини делови. Игра улога и на одделувач на собите или пак како ограда во случај на отворен простор. Постојат неколку вида ѕидови: носечки, преградни, оградни и потпорни. Кај грдежните објекти, главната улога на ѕидот е да го носи покривот и таванот. Денес ваквите ѕидови имаат посложен состав, бидејќи содржат изолација, арматура, и можат да бидат обложени со друг слој како гипскартон или ламперија. Покрај ова, во нив се вметнуваат инфраструктурни елементи како електрична инсталација и водовод. На ѕидовите се поставуваат приклучоци, прекинувачи, разводници, чешми, се бесат слики, телевизори итн. Внатрешните ѕидови можат да бидат уметничко дело, како што е случај со фрескописот и релјефот во верските објекти, мозаик и мурали.
Постојат големи и долги преградни ѕидови со посебна улога да ги бележат границите на цели држави или региони и да спречат недозволен премин на луѓе и стоки. Покрај заштитната улога, овие ѕидови претставуваат и политички симбол: непријателство на две држави, проблематичноста на регионот и судири на населението, посебноста на два различни система и меѓусебното немешање и слични проблеми. Познат пример за вакова преграда е Берлинскиот ѕид, кој сè до 1989 г. ја двоел комунистичка Источна Германија од капиталистичка Западна Германија. (Дознајте повеќе...)