Википедија:Избрана статија/2013/46
Германски музеј (германски: Deutsches Museum) — музеј во Минхен, Германија и најголема ваква установа во светот посветена на науката и техниката со околу 1,5 милиони посетители годишно и околу 28.000 изложени предмети од 50 полиња на науката и техниката. Музејот е основан на 28 јуни 1903, на состанок на Здружението на германски инженери (VDI) на иницијатива на Оскар фон Милер. Неговото официјално име „Германски музеј на ремек-дела во науката и техниката“ (Deutsches Museum von Meisterwerken der Naturwissenschaft und Technik). Ова е најголемиот музеј во Минхен.
Главниот објект на Германскиот музеј е мал остров во реката Изар, која била користена за пренесување на дрво уште од средниот век. Островот немал никакви градби до 1772, бидејќи бил постојано поплавуван пред изградбата на браната Зилвенштајн.
Покрај главниот објект на Музејскиот Остров, музејот поседува дополнителни објекти во и близу Минхен и еден во Бон. Објектот за воздухопловство во Шлајсхајм се наоѓа на околу 18 километри северно од центарот на Минхен близу дворецот Шлајсхајм. Шлајсхајм прикажува различни интересни авиони, за кои немало доволно простор на самиот Музејски Остров во центарот на Минхен. Меѓу попознатите изложени предмети е едрилицата Хортен, изграден во 1940-тите, обновена од неколку преостанати делови. (Дознајте повеќе...)