Википедија:Избрана статија/2013/33
Изборот на песна за Евровизија е музички натпревар кој се одржува секоја година и во кое учествуваат повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија. Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво како и еден од најгледаните неспортски настани во светот. Од 2000 година изборот се емитува и преку интернет. Гласањето при избор на песните се врши преку комбинација од телефонското гласање и гласовите на жирито кое е составено од музички професионалци. Песните кои ги исполнуваат натпреварувачите може да се испеат на јазик кој ќе го одбере самата земја учесник. Од 2000 година, Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија дирекно се пласираат во финалето, без ралика на нивната позиција на бодовната табела претходната година, поради нивниот статус што се четирите најголеми финансиски соработници на Европската радиодифузна унија. Во 2010 година кон овој список била вклучена и Италија. Ирска го држи рекордот за најголем број на победи на Евровизија победувајќи на изборот седум пати додека Франција, Луксембург, Велика Британија и Шведска се заедно на второто место со по пет победи.
Македонија на Евровизија за прв пат дебитирала во 1998 година а најдобро место остварила во 2006 година. (Дознајте повеќе...)