Википедија:Избрана статија/2011/20
Понудата и побарувачката ги опишуват пазарните врски меѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Овој модел е фундаментален микроекономски модел и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи со пазарна рамнотежа на количината и цената. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на воспоставувањето на пазарната рамнотежа (еквилибриум), опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката.
Законот на понудата гласи дека понудената количина е во врска со цената, односно во правопропорционална врска: повисока цена - поголема понуда, и обратно: пониска цена - помала понуда.
Законот на побарувачката е обратен, односно обратнопропорционален: повисока цена - помала побарувачка, или пониска цена - поголема побарувачка. Законите важат под претпоставка дека е исполнет принципот ceteris paribus („при други непроменети фактори“), односно промената е само во цената. (Дознајте повеќе...)