Википедија:Избрана статија/2009/30
Тигарот (Panthera tigris) е црвеникаво жолто-кафена пругаста голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна Азија, Суматра и некои помали делови во Кина.
Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените.Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со локацијата и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris) е помал во големина и има значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.
Упорното користење на делови од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се редуцирала за повеќе од 90%, додека два подвидови се сметаат за исчезнати.
Повеќе...