Википедија:Избрана статија/2008/52
Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во регионот на Корча во Албанија каде живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето што го зборуваат поради неспроведени регуларни пописи. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.
Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот т.е. потекло или класификација на јазикот не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско. (Повеќе)