Википедија:Избрана статија/2008/38
Република Турција (Türkiye Cumhuriyeti) е земја сместена во југозападна Азија и со мал дел од својата територија (3%) во југоисточна Европа. До 1922 година земјата беше центар на Отоманската Империја. Анадолскиот полуостров, меѓу Црно Море и Средоземно Море, го формира јадрото на земјата.
Денешната Турција е возобновена во 1923 година од Кемал Ататурк. Се граничи на исток со Грузија, Ерменија, Азербејџан и Иран; на југ со Ирак и Сирија; и на запад со Грција и Бугарија. Главен град е Анкара.
Вкупниот број на население на Турција изнесува 71.158.647 (2007). Природниот прираст е околу 1,04 %. Просечната густина на населението е околу 92 жители на километар квадратен. Провинцијата Истанбул има најголема густина на население со околу 2.420 жители на километар квадратен. Околу 70,5 % од населението живее во градовите и половина од населението е помладо од 28 години.
Турција е член на ОН од 1945. и на НАТО од 1952. година и е земја-кандидат за членство во ЕУ.