Википедија:Избрана статија/2007/23
Движењето за Автентична музичка изведба (историски-доследна или историски-запознаена музичка изведба) е приодот на некои музичари и академци кон истражувањето и изведбата на класична музика на начин на кој таа би била изведувана во времето во кое била компонирана. Ова движење започнало со изведбите на средновековна, ренесансна и барокна музика, но од подоцна ја опфаќа и музиката од класицистичкото, па дури и романтистичкото доба. Двата метода за автентична изведба се употребата на историски инструменти и употребата на историски пишани дела кои даваат увид во практиката на изведување, т.е. стилистичките и техничките елементи на изворната изведба на композициите.
Изведувачите на автентична музика ја пропагираат оваа практика како начин на постигнување на уметнички поефектни изведби на постарата музика. Се смета дека постепените промени во изработката на инструментите и обуката на музичарите резултирале со инструменти и стилови пригодни за музиката од (грубо земено) средината до крајот на XIX век, но не и за постари дела. прочитајте повеќе...