Википедија:ВикиПроект Спорт/Стил на уредување

✔ Оваа страна претставува прирачник за стилот на македонската википедија. Општо е прифатен стандардот дека уредувачите треба да ги следат наведените правила, иако истите може да се користат понекогаш и со некои исклучоци. При уредувањето на оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека вашата промена рефлектира консензус. При двоумење, дискутирајте прво на страницата за разговор.

Именување на статии

уреди
  • Доколку постројат две или повеќе спортски статии со иста содржина, доволно е содржината да остане само на една, а останатите да се употребат како страници за пренасочување.
  • Доколку насловот на едн статија носи исто име со некоја друга статија со различна содржина, потребно е во насловот поконкретно да се неведе содржината на статијата.

Пример:Ролан Гарос (турнир) - турнир, а Ролан Гарос - личност.

  • Секогаш користете соодветен македонски превод. Ова особено важи кај имињата на некои организации. Но, доколку се употребуваат кратенки тогаш е можно да се употребат оригиналните називи, но со кирилично писмо. На пр. ФИФА, ФИДЕ, ФИБА, ФИНА итн. Истото важи и кај спортовите чии имиња се интернационализми и имаат универзална употреба. На пр. бејзбол, крикет, хокеј итн.
  • Обрнете внимание и на македонскиот правопис. Ова особено важи при транскрипцијата на туѓите имиња. Името и презимето се пишуваат со голема почетна буква, а средното или татково име ако е скратено со голема, но ако не е цо мала почетна буква.

Пример: Вилијам Г. Морган, Питер ван дер Хогебанд.

  • Обрнете внимание и на запишувањето на броевите од годините. Ова е особено значајно при именувањето на спортските настани. Според правописот на македонскиот јазик, годините не смее да се членуваат со зборови, туку со точка од крајот на бројот.

Пример:1920-та1920.. Но, ова правило потребно е да се применува само при пишувањето на содржината. За бројките во насловот на статијата и не мора на крајот да има точка.

Категоризација

уреди

По завршувањето на содржината на статијата, потребно е на крајот на статијата да се додаде:

  • надворешни врски со некои веб-страни на кои се наоѓаат информации наведени во содржината на статијата;
  • референци преку кои читателот на статијата ќе се увери во нејзината точност (но доколку има надворешни врски или некои други показатели и не мора да се наведат);
  • соодветни предлошки кои и не мора да се наведат;
  • категории со кои се категоризира и уредно распоредува статијата;
  • интервикија со Википедија на другите јазици.