Тема (управна единица)

управна единица во Римската Империја
(Пренасочено од Византиска провинција)

Тема — најкрупна управно-воена единица Византиското царство воспоставена по реформата на царот Ираклиј I во VII век.

Карта на која е прикажана Византиското Царство од 600 до 900 година со поделбата на теми
Византиски теми во Анадолија, во периодот околу 650 година
Византиски теми во Мала Азија во периодот околу 780 година
Византиски теми околу 950. година

Опис на темата

уреди

Поимот тема е повеќезначен, означува облик на воена управа но исто така и административна поделба на територијата. Тема претставува подрачје/регион од царството кое било дадено на војниците за обработка. Војниците и понатаму технички биле дел од воените формации, под команда на стратезите. Тие не ја поседувале земјата која ја обработувале. На тој начин императорот планирал да ги намали трошоците за војската. Со прифаќање на условите на императорот, војниците се согласувале дека нивните наследници исто така ќе служат на војската и ќе работат во темата.

Командантот на темата, не само што командувал со неговите војници, туку тој имал и цивилна јурисдикција над територијата која му била доверена.

Причини за реформите на Ираклиј

уреди

При крајот на шестиот и почетокот на седмиот век, Византиското Царство честопати била мета на напади. Од југ нападите доаѓале од Сасанидското Царство, од исток нападите доаѓале од Сирија, Египет и Анадолија. Словените и Аварите навлегувале на Балканот. Ломбардите напаѓале во северна Италија. Моќта на царството била намалена а војсководците често се бунтувале против државата. Под овие околности, Ираклиј бил приморан да спроведе реформи со цел зачувување на царството.

Исход од реформите

уреди

Новиот систем на населување на воените трупи на необработуваната земја и зајакнувањето на лојалноста на месното население придонело во голема мера за зајакнување на Византиското Царство. Во следните декади, Сасанидите биле поразени, нападите на Словените и Аварите биле амортизирани, а бунтувањата на генералите не биле толку чести. Новата воена структура го спасило царството од пропаст и и овозможило да опстане со векови. Но за тоа морало да се плати одредена цена, во смисла на зголемена милитаризација на опшеството и оддалечување од цивилните институции и цивилната култура. Од овие причини, појавата на темите се смета за крај на доцната антика и почеток на средниот век на Источното Римско Царство.

Системот на теми, во тоа време, создал аристократски фамилии кои цврсто ги контролирале доделените подрачја со свои приватни војски кои биле лојални повеќе на нив отколку на императорот. Овие фамилии биле финансиски независни и честопати биле над царскиот авторитет.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and society.
  • Treadgold, Warren. Byzantium and Its Armies, 284-1081.