Византиски градини

(Пренасочено од Византиска градина)

Византија несомнено зазема важно место во историјата на градинарството. Градот, кој подоцна станал Истанбул, бил престолнината на Источното Римско Царство кое траело илјада години по падот на Западното Римско Царство. Меѓутоа византиските градини биле главно уништени од страна на Турците во нивните походи од XV век.

Современа копија на старогрчка градинарска статуа на вепар[1]. Ваквите статуи продолжиле да се изрработуваат и длабоко во доцната антика.

Византиските градини главно биле засновани на римските принципи на нагласување на мозаици и типични класични принципи како порамнување на дрвата во низи, поставување на мали градби како фонтани и олтари, кои со време станувале сѐ посложени и побогати. Меѓутоа византиските градини развиле свој посебен стил, кој влечел инспирација од ориенталните, и особено исламските градини (Близок Исток и северна Африка). Донекаде видливи се и маварски влијанија, особено кај дизајнот на фонтаните, но наоѓаме и дека персиските градини извршиле забележително влијание, нагласувајќи ја нивната заденичката одлика со византиската култура - употребата на спротивставени бои.

За византиските градини не се знае речиси ништо друго, и за нив се спомнува многу малку во историјата, а тогашни книги денес не постојат. Византијците, како и нивните грчко-римски претходници, ѝ придавале големо значење на естетиката, но низ целата грчко-римска историја градината никогаш не заземала место на престиж во нивните култури за разлика од културите на истокот - грчко-римските градини влечеле корени од практичното одгледување на градинарски култури како маслиново дрво.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Byzantine Garden Culture, edited by Antony Littlewood, Henry Maguire, and Joachim Wolschke-Bulmahn (2002)

Надворешни врски

уреди