Вивиен Кирк
Вивиен Кирк – математичарка од Нов Зеланд, која ги проучува динамичните системи. Таа е вонреден професор по математика на Оклендскиот универзитет, каде што исто така работи и како продекан[1] и е претседател на Новозеландското математичко друштво за периодот 2017-2019 година.[2]
По дипломирањето и магистрирањето на Оклендскиот универзитет, Кирк отишла на Кембричкиот универзитет, за докторски студии.[1] Таа го завршила својот докторат во 1990 година; нејзината дисертација, Уништувањето на тори во дисипативните текови, била под менторство на Најџел Вајс.[3] Таа била постдокторски истражувач на Калифорнискиот универзитет, Беркли и на Калифорнискиот институт за технологија.[1]
Кирк е соавтор на книгите Математички анализи на комплексната клеточна активност (Спрингер, 2015) и Модели на калциумова сигнализација (Спрингер, 2016).
Во 2017 година, Кирк ја освоила наградата за научно менторирање Миријам Дел Екселенс на Новозеландското здружение на жените во науката, делумно заради нејзините напори во основањето и водењето на серија од годишни работилници за млади жени по математика и физика, од 2007 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Associate Professor Vivien Kirk, University of Auckland, Посетено на 2018-10-11
- ↑ Presidents of the Society, New Zealand Mathematical Society, Посетено на 2018-10-11
- ↑ Вивиен Кирк at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ Association for Women in the Sciences (December 1, 2007), Mathematician Vivien Kirk Recognised for Mentoring Others – преку Scoop