Проект „Математичко родословие“
Проект „Математичко родословие“ (англиски: Mathematics Genealogy Project, MGP) — семрежна база на податоци за академското родословие (генеалогија) на математичарите.[1][2][3] Во септември 2010 г., проектот содржел информации за преку 160.000 математичари кои учествуваат дејствуваат на „истражно ниво“. Записите обично содржат година на дипломирање, алма матер, докторски ментор и докторски аспиранти[1][4]
Цели
уредиОпишувајќи ја своитеа цели, проектот се изјаснува: „Кога ги употребуваме зборовите „математика“ или „математичар“ ширум овој проект, нив ги подразбираме во мошне широка смисла. Затоа, кај нас се добредојдени сите релевантни податоци од полето на статистиката, информатиката и оперативното истражување.“[5]
Делокруг
уредиРодословните информации на проектот се добиваат од извори како Dissertation Abstracts International („Меѓународни извадоци од дисертации“) и Notices of the American Mathematical Society („Билтен на Американското математичко друштво“), но може да дојдат од било кој учесник на проектниот портал.[3][6] Во базата може да се пребаруваат имињата на математичарите, универзитетите кајшто студирале, годината на доделување на академскиот чин, наслов на дисертацијата, имињата на менторите и вторите ментори, земјата на доделување на чинот (со знаменце), список на докторски аспиранти и бројот на академски потомци.[1] Наведени се и некои историски значајни личности што немале докторат, како што е Жозеф-Луј Лагранж.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Jackson, Allyn (2007), „A labor of love: the Mathematics Genealogy Project“ (PDF), Notices of the American Mathematical Society, 54 (8): 1002–1003.
- ↑ Carr, Sarah (August 18, 1999), „Retired Mathematician Develops a Family Tree of the Scholars in His Field“, The Chronicle of Higher Education.
- ↑ 3,0 3,1 Worth, Fred (2006), „A Report on the Mathematics Genealogy Project“ (PDF), MAA FOCUS, 26 (8): 40–41.
- ↑ „Проект Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ Изјава за целите, Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ Од каде ви се податоците? — ЧПП на проектот „Математичко родословие“ посет. 28 март 2010 г
- ↑ Жозеф Лагранж, „Ја покажуваме врската со Ојлер за да укажеме на поврзаноста во нашата интелектуално наследство“. (hbc), Проект „Математичко родословие“ (англиски)
Надворешни врски
уредиВикиподатоци го има својството P549 за MGP-назнака (употреба) |
- Проект „Математичко родословие“ (англиски)