Ветробран[1] или шофершајбна[2] – преден прозорец на летала, автомобили, автобуси, мотоцикли, кој овозможува заштита на возачот и патниците истовремено обезбедувајќи им добра видливост.

Панорамски ветробран на Едсел Корсер од 1959 година

Современите ветробрани главно се изработуваат од повеќеслојно сигурносно стакло, вид на обработено стакло, кое типично се состои од два слоја стакло со слој пластика меѓу нив заради сигурност и се зацврстени во прозорската рамка.

Ветробраните на мотоциклите често се израборуваат од поликарбонатна или акрилна пластика, отпорна на удари.

Употреба

уреди
 
Поделен ветробран на ДеСото од 1952 година. Стаклените панели се рамни.

Ветробраните ги штитат возачот и патниците во возилота од ветар, дожд и ситни парчиња како прашина, инсекти и камчиња и обезбедуваат аеродинамичност на возилото. Може да се нанесе УВ зрачењеУВ обложување за заштита од штетното ултравиолетово зрачење. Вообичаено ова е непотребно со оглед дека најголемиот број автомобилски ветробрани се изработуваат од повеќеслојно сигурносно стакло. Најголемиот дел од УВ-Б го впива самото стакло, а остатокот од УВ-Б со најголемиот дел од УВ-А го впива сврзниот слој.[3]

Кај мотоциклите главната задача на ветробраните е да го штити возачот од ветрот, иако не целосно како во автомобил, додека кај спортските и натпреварувачките мотоцикли главната задача им е да го намали отпорот кога возачот ќе заземе оптимална аеродинамична положба на телото со машината, а не го штити кога е исправен.

Безбедност

уреди
 
Автомобилски ветробран со „пајажинска“ испуканост, типична за повеќеслојното сигурносно стакло.

Првите ветробрани биле изработувани од обично прозорско стакло, но тоа можело да предизвика тешки повреди во случај на незгода. Низата несреќи довеле до развој на појаки ветробрани. Новите ветробрани биле изработени од калено стакло и биле прицврстени во рамките со помош на гума и неопрен. При удар ветробранското стакло пукало на многу, најчесто безопасни парчиња. Недостаток бил што истите пукале од удар на ситно камче. Триплекс повеќеслојното стакло, веќе било достапно за ветробрани во Франција од 1911, а во Велика Британија од 1912 година, во почетокот на 1913 година било прифатено од некои врвни американски автопроизводители, а од 1919 до 1929 година Хенри Форд наредил користење на повеќеслојно стакло кај сите негови возила.[4]

Современите, лепени ветробрани придонесуваат за цврстината на возилата, но историски главниот поттик за иновирање бил да се спречат повреди од острите парчиња стакло. Скоро сите држави сега бараат ветробраните да останат во едно парче и во случај на кршење, освен ако е прободен со јака сила.

Уретанска заптивна смеса е заштитена од сончевото УВ зрачење со лента од темни точки околу рабовите на ветробранот.[5] Темните рабови преминуваат во чисти површини со помали точки за да се намали напрегнатоста при производството. Истата лена од темни точки често е проширена околу ретровизорот да делува како заштита од Сонцето.[6]

Наводи

уреди
  1. „ветробран“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „шофершајбна“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Tuchinda, Chanisada; Sabong Srivannaboon; Henry W Lim (2006). „Photoprotection by window glass, automobile glass, and sunglasses“. J Am Acad Dermatol. 54: 845–854. doi:10.1016/j.jaad.2006.05.014. Посетено на 23 January 2013.
  4. „Your Windshield is Not Just a "Wind-Shield" Any More“. National Glass Association. Архивирано од изворникот на 2 August 2009.
  5. Zbinden, Lyn (2014). „Chapter 7 - Ceramic Frit and Shadeband“. Glass Engineering: Design Solutions for Automotive Applications. IEEE. Посетено на 9 June 2020.
  6. Tracy, David. „Here's What Those Little Dots Are On The Edges Of Your Car Windows“. Jalopnik. Gawker Media. Посетено на 6 February 2017.

Надворешни врски

уреди