Весна Кираџиева
Весна Кираџиева (родена 24 јануари 1986 во Скопје, Република Македонија) е македонска атлетичарка, авторка и политичка активистка.
Весна Кираџиева | ||
Роден | 24 јануари 1986 | |
---|---|---|
Родно место | Скопје, Република Македонија | |
Националност | Македонка |
Кираџиева била атлетска репрезентативка на Македонија и рекордерка во повеќе атлетски дисциплини, но најистакната била како рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија[1] во маратон. Дипломиран криминалист на Факултет за безбедност – Скопје. Авторка била на неколку книги и кратки приказни за деца и политичка активистка. Една од ретките спортисти, која јавно излегла со став за зачувувањето на името на Република Македонија.[2]
Рани години
уредиКираџиева е родена 24 јануари 1986 во Скопје, Република Македонија. Нејзиниот татко, Атанас Кираџиев е роден во семејство на „деца бегалци“ од Егејска Македонија: дедото на Кираџиева, Стојан Кираџиев роден во с. Поздивишта, Костурско е борец во НОБ; нејзината баба, Сандра Кираџиева[3] е родена во с. Нивици, Леринско; и двајцата протерани во егзодусот на Егејците во денешна Грција (Егејска Македонија). Нејзината мајка, Лилјана Трајковиќ – Кираџиева е со српско потекло. Братот на Кираџиева, Александар Кираџиев[4] е исто така познат македонски атлетичар и долгогодишен репрезентативец на Македонија.
Атлетска кариера и спорт
уредиНа 12 годишна возраст, почнала да се занимава во 1998г, под тренерската палка на Методија Веновски – Мето. Уште од мала почнала да реди успеси на училишните и пионерските првенства со многу освоени титули.
Во 2000 година станала редовна репрезентативка на Атлетска репрезентација на Македонија,[5] каде е активен член, се до 2020г.
Врвот на кариерата го достигнала како повеќекратна рекордерка[6][7] и шампионка[8] на Македонија во повеќе дисциплини[9]; од 800м. до маратон.[10][11][12][13]
Во 2009 година, го основала атлетскиот клуб „Безбедност“, кој во 2014 е преименуван во А.К. „Индјуренс“ и Кираџиева е претседател на истиот.
Освен со атлетика, таа рекреативно се занимава и со нуркање и е дел од Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“[14] од самото негово основање, како еден од основачите на клубот. Овој клуб се истакнува како еден од најзначајните нуркачки клубови во Македонија со промоција на пештерата „Врело“ и Кањонот „Матка“ во европски и светски рамки, поради нуркачките експедиции на клубот во подводната пештера која се смета за една од најдлабоките водени пештери во Европа, а која сѐ уште се истражува.
Образование
уредиОбразованието го завршила во родниот град. Основно образование завршува во ОУ „Лазо Ангеловски“, додека средно во училиштето за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“.
Како дипломиран криминалист завршила на Факултетот за безбедност – Скопје (тогаш познат како Полицика академија) во 2008 година.
Волонтерска работа
уредиВо период од 2012-2014 година, волонтерски била вклучена во тимот на Волонтерски Центар Скопје[15], каде била активна во придонес преку пишување статии и интервјуа за списанието „Воисес“ (Voices)[16].
Во период 2013-2014 година, живеела, тренирала и работела во Љубљана, Словенија. Таму работела волонтерски во Центарот „Јанез Левец“ (Center Janeza Levca Ljubljana) со деца со попреченост и била активен дел од организацискиот тим на Фестивалот за инклузивност „Играј си со мене“ (Igraj se z mano).
Продолжила да тренира во Љубљана со еден од најпознатите тренери и атлетичари на долги патеки во Словенија, Роман Кејжар.
Дела
уреди2017 ја изадала првата книга, „Издржи, кралице“[17], во која како ко-автор се јавува и нејзиниот брат, Александар Кираџиев;
2021 го изадала второто продолжение од двологијата „за кралицата“ – „Кралицата ќе издржи“[18];
На конкурсот за новосоздадени бајки на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, спроведен во 2020 година, бајката на Кираџиева, „Авантурите на Трепколетка“ влегла во потесниот избор.[19] Избрана како дел од бајките во збирка „Детелинки белинки“. „Авантурите на Трепколетка“ е дел од оваа збирка современи бајки од Македонија, како една од наградените, кои се влезени во потесниот избор. Книгата била издадена во 2022 г. Книгата е преведена и на хрватски јазик. Хрватскиот превод на книгата „Детелинки белинки“, објавен по повод 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека.
Политичка кариера
уредиКираџиева во 2021 била кандидат за градоначалник на Општина Аеродром на Локалните избори во Македонија (2021).[20]
2022 била назначена за координатор на Сектор спорт на ПП Левица и станала полноправен член на Централниот комитет на партијата.
2023 била назначена за прва раководителка на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица (АФЖ-Л).[21]
Наводи
уреди- ↑ „Шампионот во маратон Весна Кираџиева кандидат на Левица за градоначалник во Аеродром“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ Kiradjieva (2018-09-07). „Атлетска репрезентација на FYROM?!!“. Endurance MK (англиски). Посетено на 2024-04-04.
- ↑ Кираџиева, Весна (2021-06-24). „Кираџиева: Свидетелство на баба ми Сандра од Егејска Македонија каде пишува дека е Mакедонка“. Антропол. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Несуден криминалист со врвни резултати: Интервју со Александар Кираџиев, најдобриот македонски маратонец“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Македонките со сребро од Балканијада!“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ endurancemkd (2013-05-24). „НОВ НАЦИОНАЛЕН РЕКОРД НА 10.000м. на Весна Кираџиева – 41:10:28!!!“. Endurance MK (англиски). Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Skopski Maraton - Одличен успех на нашата маратонка Весна Кираџиева. Денес во Милано го собори македонскиот рекорд во маратон, кој и до сега беше во нејзина сопстгвеност. Новиот рекорд изнесува 3 часа 7 минути и 55 секунди, што е за скоро цели 7 минути подобар резултат од претходниот рекорд. Со овој резултат Весна се најде на 16-то место во женска конкуренција на 15-то издание на Милано маратон. Честитки за Весна од Виз Ер Скопски маратон, и посакуваме на 10 мај во Скопје пред домашната публика повторно да го собори македонскиот рекорд. | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Kираџиева најави 6-та победа на државниот шампионат“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „АФМ ГИ ОДБРА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО АТЛЕТИКАТА ЗА 2019 – Sport Info MK“ (англиски). Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Весна Кираџиева победи на Авицена женската трка во Скопје, трчаа над 2.000 жени“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „IAAF WORLD CHAMPIONSHIPS“. worldathletics.org. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „IAAF WORLD CHAMPIONSHIPS“. worldathletics.org. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „АФМ ГИ ОДБРА НАЈУСПЕШНИТЕ ВО АТЛЕТИКАТА ЗА 2019 – Sport Info MK“ (англиски). Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Спелеонуркачки клуб Врело - Македонија“. Спелеонуркачки клуб Врело - Македонија. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Home“. Volunteers Centre Skopje. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Изданија VOICES“. Volunteers Centre Skopje. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Издржи, кралице : реални приказни за растежот, падовите и успесите на еден брат и една сестра во свет во кој трчањето е помалку од ништо но повеќе од сè“. literatura.mk. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Промоција на книгата „Кралицата ќе издржи“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ Умно.мк, од (2023-08-29). „Промоција на хрватскиот превод на „Детелинки белинки" во Охрид - УМНО.МК“. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „ЖЕНА ЌЕ ТРЧА ЗА ЛЕВИЦА ВО АЕРОДРОМ Весна Кираџиева е шесткратна шампионка во маратон“. time.mk. Посетено на 2024-04-04.
- ↑ „Колонизираниот народ секогаш гравитира околу колонизаторот“. Фокус (англиски). 2023-10-26. Посетено на 2024-04-04.