Вера Кублановскаја

Вера Николаевна Кублановскаја (родена Тотубалина, 21 ноември 1920 - 21 февруари 2012 година[1]) била руска математичарка, забележана по својата работа во развојот на пресметковни методи за решавање на спектралните проблеми на алгебрата. Таа го предложила QR алгоритмот за пресметување на сопствените вредности и сопствените вектори во 1961 година, кој бил именуван како еден од десетте најважни алгоритми на дваесеттиот век.[2] Овој алгоритам бил предложен, независно, од страна на англискиот компјутерски научник Џон Г. Ф. Френсис во 1959 година.

Кублановскаја е родена во 1920 година во Крокхона, мало село во близина на Белозерск во Вологда област, Русија. Студирала математика на Ленинградскиот државен универзитет и се приклучила на ленинградскиот оддел на Стеклов институтот за математика на Академијата на науки на СССР во 1948 година, каде што работела целиот свој живот. Во првите години на институтот од 1948 до 1955 година, нејзините научни истражувања се однесувале на јадрените реактори, под надзор на Леонид Канторович. Потоа, таа ја бранела својата кандидатска дисертација "Примена на аналитичко продолжување во бројчените методи на анализа" во 1955 година. Во 1972 година ја бранела својата докторска дисертација "Примена на ортогоналните трансформации во решавањето на проблемите во алгебрата".

Белешки

уреди
  1. Obituaries: Vera Nikolaevna Kublanovskaya Архивирано на 18 октомври 2012 г., July 17, 2012
  2. Dongarra & Sullivan (2000)

Наводи

уреди
  • Донгара, Џек Џ.; Саливен, Френсис (2000), „Инструкции на гостинските уредници: Топ 10 алгоритми“, Компјутери во наука и инженерство, 2 (1): 22–23, doi:10.1109/MCISE.2000.814652, ISSN 1521-9615.
  • Голуб, Џин Х.; Улиг, Френк (2009), „QR алгоритам: 50 години подоцна - неговата генеза од Џон Френсис и Вера Кублановска, и последователните случувања“, ИМА весник за бројчена анализа, 29 (3): 467–485, doi:10.1093/imanum/drp012, ISSN 0272-4979.
  • Конкова, Ја.; Симонова, В.Н.; Хазанов, В.Б. (2000), „Вера Николаевна Кублановскаја. Кратка биографија“, весник за математички науки, 114 (6): 1755–56, doi:10.1023/A:1022491200674.