Вера Бужаровска (Битола, 7 декември 1931 - Скопје, 3 декември 2013) — македонска писателка и публицистка.

Вера Бужаровска
Родена 7 декември 1931
Битола, денес Македонија Македонија
Починала 3 декември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање писател и публицист

Животопис уреди

Бужаровска е родена во Битола на 7 декември 1931 година. Писателската кариера ја започнала во 1962 година со објавувањето на детската книшка „Стоп“ наменета како забавна и поучна литература за најмладата читателска публика. Потоа нејзиното творештво продолжува со над четириесетина прозни и поетски остварувања, во кои доминираат повести и во чиј центар е жената и нејзината судбина во патријахалното опкружување. Во овој творечки опус посебно се издвојува романот „Акчилница“, моќна автобиографска слика за детството на авторката и градот Битола во премрежјето на предвоените и воените четириесетти години од XX век.

Во последните две децении од животот таа обработувала провокативни теми од македонското секојдневие поврзани со политичкиот живот и криминалот, кои и донеле популарност, кај најшироката читачка публика („Трите жени на Усеин“, „Затвор за жени“, „Авторот е обвинет за убиство“, ТАТ, „Креветот на проституката“, „Братот на министерот“, „Го открив атентаторот“ и др.).[1] Повеќе нејзини дела се преведени на неколку јазици, а покрај текстовите објавени во Политика експрес и Илустрована политика во седумдесеттите години од минатиот век, има изработено и сценарија за радио и ТВ проекти. Починала во Скопје на 3 декември 2013 година.[2]

Наводи уреди