Велосипедисти (филм)

„Велосипедисти“ (српски: Бициклисти) — филм на режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ од 1970 година. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ - Чкаља, Љубиша Самарџиќ, Божидар Стошиќ и Јелисавета Саблиќ.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во еден град за време на Втората светска војна. Во него се раскажува за една млада кројачка, за еден студент, за еден предавник, за двајца чешки уметници во одење по жица, за нивното приклучување на партизаните и за основањето на партизански одред со велосипеди. Додека беснее војната, многумина гинат, а девојката останува сама и бара ѕвонче за својот велосипед, но не може да најде...

Наводи

уреди