Величествено кинеско народно село

тематски парк во Кина

22°32′06″N 113°59′01″E / 22.53500° СГШ; 113.98361° ИГД / 22.53500; 113.98361

Минијатурен Кинески Ѕид
Величествено кинеско народно село
Упростено 锦绣中华民俗村
Традиционално 錦繡中華民俗村

Величествено кинеско народно село (кинески: 锦绣中华民俗村, пинјин: Jǐnxiù Zhōnghuá Mínsú Cūn) е тематски парк кој вклучува две области (Величествена Кина минијатурен парк и Кинеско народно културно село) сместен во Шенџен, провинција Гуангдунг, Народна Република Кина. Темата на паркот ги рефлектира историјата, културата, уметноста, античката архитектура, обичаите и навиките на различните националности. Тој е еден од најголемите паркови со сценографии во светот според количината на репродуцирани сценарија. Паркот е развиен и управуван од најголемата патничка и туристичка корпорација, China Travel Service.

Локација

уреди
 
Минијатурен Храм на небото
 
Минијатурна летна палата

Splendid China се наоѓа покрај заливот Шенџен во туристичка област на Прекуокеанскиот кинески град (OCT) во специјалната економска зона во Шенџен. Се наоѓа на 35-40 минути возење со воз од станицата Луоху на линија 1 од метрото во Шенџен или 30 минути со автобус (на пример автобус број 101 или минибус 23).

Работно време и билети

уреди
Време: 9:00 до 21:00


Последен влез: 18:00

Дневен билет
Цена на билет: 220 јуани
Детски билет: 90 јуани (висина од 1,2 до 1,5 м)
Мали деца; бесплатно (висина до 1,2 м)

Годишен билет
Поединечен годишен билет: 360 јуани (за едно лице)
Родителски годишен билет: 460 јуани (еден родител со едно дете со висина до 1,5 м)
Семеен годишен билет: 660 јуани (два родители со едно дете со висина до 1,5 м)

Белешка: Цените на годишните билети се од февруари 2011. Поединечните од ноември 2015

За паркот

уреди

Над 100 големи туристички атракции се минијатуризирани и поставени според мапата на Кина. Повеќето атракции се намалени во однос 1:15. Поделен е на област со сценски поставки и област на сеопфатна услуга. Целиот парк зафаќа 30 хектари.

Има колички и возови за превоз на посетители околу паркот, што овозможува да се посетат Кинескиот Ѕид, Забранетиот град, Храмот на небото, Летната палата, браната Три клисури, палатата Потала и Теракотната војска во еден ден.

Во паркот се одржуваат и неколку претстави кои прикажуваат различни настани во кинеската историја (на пр. Претстава со јавање коњикоја прикажува битка предводена од Џингис Хан), Кинеска културна претстава итн. Некои од претставите се изведуваат само за време на викендите.

Други информации

уреди

Астероидот 3088 Jinxiuzhonghua го добил името по паркот. China Folk Culture Village е во непосредна близина на паркот во Шенџен.

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди

Надворешни врски

уреди