Велимир Мицков Илиевски ( 1914 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Завршил основно училиште, а потоа работел како работник. За народно-ослободителната борба организирано работел од 1944 година. Учествувал во акциите за собирање материјална и друга помош за партизаните. Бил член на ударните групи, кои на германскиот непријател му нанесувале сериозни и тешки загуби. Покрај ваквата активност, на единиците на НОВ и ПОЈ им ги доставувал потребните податоци за непријателот. Бил член на Народната милиција во градот. На 12 ноември 1944 година, ударните групи претставувале десна рака на борците покажувајќи им ги утврдувањата на непријателот. Бил учесник и во уличните борби за ослободување на Скопје. Токму во оваа последна негова борба, храбро загинал близу железничкиот мост. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 195. На |first= му недостасува |last= (help)