Велимир Жерновски
Велимир Жерновски (Скопје, 1981) — македонски ликовен уметник.
Велимир Жерновски | ||
Роден | 1981 | |
---|---|---|
Занимање | ликовен уметник |
Животопис уреди
Жерновски е роден во Скопје во 1981 година, каде што и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година. Работи цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација. Има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествувал во повеќе меѓународни проекти и културни соработки. Од 2008 година е соосновач и претседател на Ф.Р.И.К. (Формација за развој на иницијативи во културата), програма што работи на мотивирање на социјално ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид стереотипи и предрасуди.[1]
Наводи уреди
- ↑ „Велимир Жерновски изложува во Париз“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-08-19.
Надворешни врски уреди
- Профил
- Биографија Архивирано на 26 февруари 2014 г.