Велика Парусија
Велика Парусија — македонски ракопис и препис од 1863 година. Ракописот претставува книга која содржи имиња на ктитори, дарители и други заслужни луѓе за изградба на црковен објект, главната манастирска црква „Св. Богородица“ на Кичевскиот манастир. Нивните имиња се споменуваат во литургии. Не е познато во кој период живееле овие луѓе бидејќи книгата е препис на постар ракопис. Остатоците од оваа книга се чуваат во архивот во Охрид.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Велика Парусија, 1863 година – Стар црковен ракопис од Света Богородица Пречиста“. September 17, 2012. Посетено на 2012-09-17.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |