Васил Константинов Танев (9 октомври 189721 ноември 1941) бил бугарски комунист од македонска народна припадност, еден од тројцата оперативци на Коминтерната уапсен и суден за соучество во палењето на Рајхстагот во 1933 година.[1]

Васил Танев во 1933 година

Танев е роден во Гевгелија, во Солунскиот вилает на Отоманската империја (денешна Република Македонија) и се приклучил на Бугарската комунистичка партија во 1919 година. По неуспехот на Септемвриското востание од 1923 година, тој побегнал во Кралството СХС, а потоа се движел меѓу Советскиот Сојуз и тајните мисии во Бугарија.[2]

Во 1933 година, Танев бил во Германија и работел за Коминтерната под водство на Георги Димитров. На 9 март 1933 година Танев, Димитров и Благој Попов, заедно со другите биле уапсени и обвинети за соучество во пожарот во Рајхстагот.[1][2] На Лајпцишкиот процес сите тројца биле ослободени.

Танев бил признат како херој при враќањето во Русија, но бил принуден на самокритика, подоцна во триесеттите години од минатиот век. Бугарската комунистичка партија му наредила да изврши мисија во Бугарија во 1941 година, каде што бил убиен подоцна истата година близу Лагадина, Солунско.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Frederick B. Chary (2007). „4: Boris III, Tsar of the Bulgarians“. Во Bernd Jürgen Fischer (уред.). Balkan Strongmen: Dictators and Authoritarian Rulers of South Eastern Europe. Purdue University Press. ISBN 9781557534552. Посетено на 13 ноември 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 Milorad M. Drachkovitch (1986). Biographical Dictionary of the Comintern. Hoover Press. ISBN 9780817984038. Посетено на 13 ноември 2020.