Васа Апостолска
Васа Апостолска ( 1888 во Неготино — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиСо почетокот на вооруженото востание нејзините симпатии биле свртени кон борците на НОВ. Учествувала во заднината на НОД во Штип. Kaкo мајка на народниот херој, Михајло Апостолски, командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ на Македонија, била постојано изложена на терор од бугарската полициja, но изнаоѓала начини да го даде својот придонес во ослободителната војна на Македонскиот народ. Есента 1943 година била интернирана во Бугарија. По враќањето во Штип активно учествувала во акциите на АФЖ.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |