Ванѓел Скопјанчето

Ванѓел Димитриевиќ Скопјанчето (Скопје, 1875–1915) бил српски четнички војвода во време на борбите за Македонија во почетокот на 20ти век.

Војвода Вангел Скопјанче

Биографија

уреди

Бил роден во Скопје во 1875. Тој бил комита на ВМРО и учествувал во Илинденското востание. По формирањето на српскота четничка организација во 1903, тој се приклучил кон неа и формирал чета. Бил активен во регионот на Куманово и Прешево од 1903 до 1905. По 1905, тој се повлекол од теренот заедно со уште шестмина (Риста Старачки, Јован Довезенски, Владимир Ковачевиќ, Тренко Рујановиќ, Емилио Милутиновиќ и Јован Пешиќ) и му бил одземен чинот поради непослушност на Српскиот комитет. Во Првата балканска војна, повторно бил приклучен во Четничките одреди, учествувал во сите битки во 1912 предводени од Војвода Вук, и во Доброволниот одред во Втората балканска војна во 1913. Во Првата светска војна, се борел во Четничките одреди од почетокот на војната (1914). Загинал во Битола кон крајот на 1915, бранејќи го повлекувањето на српската војска низ албанските планини.

Наводи

уреди
  • P. D. S. Jerinić, Vojvode iz četničke akcije u Staroj Srbiji i Maćedoniji 1903–1912, Dobrovoljački glasnik, br. 32, Beograd 2008, 42-43.